“БЕЗ ЛАЖИ И ПРЕВАРЕ“: Ќерката на градоначалникот на Лозово го доби шпоретот на наградна игра од општината (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Општина Лозово, годинава пред празниците одлучи да организира наградна игра. Како една од поглавните награди бил шпорет, а истиот го добил токму ќерката на градоначалникот на оваа општина, Ацо Велковски.

„Без лажи и преваре! Ни најмалку ни најмногу шпортетот го доби ќерката на нашиот градоначалник Аце (Ацо Велковски)!“, го најави добитникот водителката на лотаријата.

Ќерката на градоначалникот рече дека фамилијарно го добиле шпоретот и одлучиле да го доделат на семејство на кое му е потребно.

Инаку, на овој настан кој се пренесуваше во живо преку профилот на Фејсбук на градоначалникот имаше уште еден „бисер“ – секој гледач можеше да си нарача музичка желба.

 

останати вести