Бајден повторно се „изгуби“, па ја бараше умрената конгресменка Џеки (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Претседателот на САД, Џо Бајден повторно привлече внимание при негово обраќање кога побара почината конгресменка на една прес-конференција.

Бајден ја бараше Џеки Валорски, конгресменка од Индијана која почина во сообраќајна несреќа во август.

Бајден им се заблагодари на организаторите, по што праша: Џеки, тука ли си? Каде е Џеки?

Овој политички гаф на американскиот претседател предизвика бурни реакции од политичарите во САД, кои се изненадени од неговиот потег.

останати вести