Балканот сеуште не е ниту блиску до ЕУ

by Тони Зографски

Владеењето на правото кое е кичма на демократија и без исполнување на реформите во оваа област нема да стане ни збор за пристап на државите од Западна Европа во Европската унија, е заклучено на јавната расправа одржана во Европскиот парламент во Брисел.

Потпретседателот на одборот за надворешни работи во Европскиот парламент, Хавијер Коусо Пермуј рече дека Црна Гора и Србија се единствени кандидати кои преговараат со ЕУ, додека Албанија и Северна Македонија се надеваат дека наскоро ќе започнат преговори.

“ На основа на нашиот мониторинг, ние приметуваме дури назадување во областа на владеење на правото. Особено тоа се однесува за Западниот Балкан и Турција.“

Ваквата констактација ја повтори и претседателот на Работната група за Западен Балкан, Едуард Кукан.

“ Прашањето на владеењето на правото треба во целост да биде имплементирано, не за да го задоволи Брисел, туку за доброто на граѓаните“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com