АТАНАСОСКИ: Треба чесно да признаеме, Руте не дојде случајно во Скопје, а Реџепи работел во амбасадата на Холандија

by Тони Зографски

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски синоќа во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека посетата на холандскиот премиер Марк Руте во пресрет на гласањето за недоверба на владата не било случајно.

-Треба чесно да признаеме. Знаеме како меѓународната заедница и западните земји влијаат во внатрешните политички разврски во Македонија. Не беше случајна посетата на Марк Руте во земјата пред гласање недоверба на владата.

Според него, на ова се должи и фактот што пратеникот Кастриот Реџепи работел во амбасадата на Холандија , што за Атанасоски, апсолутно имало влијание за случувањата во Собранието.

Во однос на македонско-бугарските односи, Атанасоски смета дека новата влада на Бугарија ќе има поблага реторика кон македонското прашање.

-Во Бугарија се случи пропаѓање на партиите кои го ставија ветото на Македонија, тука алудирам на ВМРО, чиј лидер си поднесе оставка, и тој е веќе политички мртов, рече Атанасоски.

останати вести