АСТРОНОМСКА СМЕТКА НА МИКОНОС: 600 евра за две мохитa и две порции рак (ФОТО)

by Тони Зографски

Двe американски државјанки, мајка и ќерка, решиле да ручаат во ресторан на грчкиот остров Миконос, што скапо ги чинело.

Бренда Молтон и нејзината деветнаесетгодишна ќерка Кајла го поминаа денот на популарната плажа на Миконос Платис Гиалос. Одлучиле да ручаат во ресторанот „DK Oyster“, кој ги чинел премногу, а доживеале и непријатности. Платиле 600 евра за две порции рак и два коктели, под закана дека ако не платат, нема да можат да ја напуштат Грција.

– Две мохито и две порции рак не можат да чинат 600 евра. Не сакам да ја платам таа сметка – истакнала Бренда Молтон, обраќајќи му се на келнерот во ресторанот.

Стигна и одговорот на келнерот: „Ако не ја платиш сметката, ќе се јавам во полиција и нема да можеш да ја напуштиш Грција“. Лесно ќе одредиме каде живеете“.

Жена која ја гледала сцената, исто така турист, рекла дека претходниот ден ја видела истата глетка во истиот ресторан во врска со плаќањето сметки и дека дошла полиција која „најверојатно“ била вклучена во се.

На „Tripadvisor“ страницата на ресторанот е преплавена со коментари на гости, кои тврдат дека имале слични искуства, но пред тоа пријателските келнери ги „намамиле“ да останат во ресторанот бидејќи лежалките се бесплатни.

– Во западниот свет не постои слободна земја во која келнерите во рестораните би го објасниле плаќањето на сметките. Понекогаш се обидуваме да му ги објасниме на гостинот високите трошоци за водење бизнис во туризмот. Дури и луксузните брендови не ги објаснуваат нивните цени. Изборот е на купувачот – бил одговорот од спорниот ресторан

останати вести