Анџелина Џоли и Салма Хајек на прв поглед можеби не се холивудскиот дуо за кој би претпоставиле дека се неразделни приватно, но двете актерки изградиле исклучително близок однос во последните години.
Сега првпат поотворено зборуваа за пријателството што започнало на снимање на филм, а во меѓувреме прераснало во поврзаност за која Анџелина Џоли вели дека досега немала.
Двете се запознале додека работеле на филмот „Вечни“ (Eternals) на Марвел во 2021 година, а нивното пријателство продолжило и по завршувањето на снимањето. Во меѓувреме, тие направле уште еден важен професионален чекор – Анџелина Џоли ја напишала, режирала и копродуцирала воената драма „Без крв“ (Without Blood), во главната улога ја толкува Салма Хаек, која штотуку пристигна во кината.
А се чини дека нивната соработка зад камерите не секогаш изгледала сосема мирна.
Хаек открила за магазинот „Пипл“ дека разговорите со Анџелина во текот на снимањето биле спонтани, интензивни и, како што ги опишала, „вкусни“ и „органски“.
Нивниот однос меѓу режисерка и актерка понекогаш станувал многу темпераментен, но 60-годишната Хајек тврди дека зад сè секогаш се криела меѓусебна доверба.
„Понекогаш почнувавме страсно да викаме една на друга. Потоа јас почнував да плачам, таа ме прегрнуваше, а потоа почнувавме неконтролирано да се смееме“, се присетила Хајек.
На луѓето што ги гледале од страна, признава таа, не секогаш им било јасно што, всушност, се случува.
„Можев да ги видам како се прашуваат: Што се случува овде?“, се пошегувала таа.
Џоли вели дека токму таквата отвореност најдобро го опишува нивниот однос.
„Можам да ѝ кажам сè. Никогаш нема да се навреди затоа што знае дека тоа доаѓа од мене“, рекла 51-годишната актерка.
Нивните разговори, вели Џоли, многу лесно преминуваат од сериозни и емотивни теми во целосна смеа.
„Разговараме за некои работи и потоа почнуваме да плачеме затоа што нè трогнуваат, а не затоа што сме една на друга сме се расплакале. А потоа еден од нас вели нешто глупаво и почнуваме да се смееме“, опишала Џоли.
Особено е интересно што двете сметаат дека нивното пријателство се случило во вистинскиот момент од нивните животи.
И Џоли и Хајек со децении се во Холивуд, двете поминале низ големи професионални и приватни промени, а денес, велат тие, многу работи ги набљудуваат на сличен начин.
„Поминавме низ толку многу слични работи, но и различни искуства, и некако како постари жени завршивме на многу слично место“, рекла Џоли.
Токму затоа нивниот однос ѝ е особено драг.
„Ценејќи го тоа пријателство, таа поврзаност и разбирање… Никогаш не сум имала таков вид поврзаност во мојот живот“, признала таа.
Чувствата се очигледно заемни.
„Тешко е да се најде таква поврзаност“, рекла Хајек, поврзувајќи го нивното пријателство и со една од темите на филмот „Без крв“ – тешкотијата на вистинска комуникација и поврзување со други луѓе.
Нивната соработка на филмот „Без крв“ затоа била сосема поинаква од првото заедничко искуство на „Вечни“.
Филмот е режиран од Џоли, базиран на истоимениот роман од италијанскиот писател Алесандро Барико, а покрај Хаек една од главните улоги ја игра Демијан Бичир. Приказната се занимава со последиците од војната, одмаздата, траумата и простувањето.
Џоли претходно открила дека токму таа ја убедила својата пријателка да ја прифати главната улога, додека Хајек рекла колку необично ѝ било на почетокот да премине од пријателски однос во ситуација каде што Анџелина станува нејзина режисерка.
Но, се чини дека самата блискост што ја изградиле им овозможила да бараат повеќе еден од друг – дури и кога тоа значи малку викање, некоја солза и, неколку моменти подоцна, заедничко смеење.
