Анџелина Џоли на 45 години позираше гола (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската глумица Анџелина Џоли го покажа совршеното тело на насловната страница на списанието Harper’s Bazaar, каде откри и како живее по разводот од Бред Пит. На фотографијата што ја сподели магазинот на Инстаграм, Анџелина позира целосно гола, покриена во проѕирен превез и тоа на неколку различни фотографии.

Во интервјуто, таа отворено зборуваше за нештата кои најмногу ги цени а воедно и за сето она што сака да го сподели со светот како моќна порака за претстојната 2020-та година.

“Ако чувстувате дека дека не го живеете животот во потполност, обидете се да откриете што или кој ве спречува да дишете. Откријте и борете се против тоа. Тоа нешто има различни форми и за секого е различно, вели Џоли и потенцира дека -„Ако никој никогаш не се побуни, ништо нема да се смени“.
Анџелина се опиша себеси како дива во срцето и “немирна”и откри дека сака да се пресели во странство, но Бред се спротивставува на тоа.

“Моето тело помина низ многу нешта во последната декада, особено во последните 4 години и поради тоа имам видливи и невидливи лузни. Потешко се справувам со невидливите. Животот има многу пресврти. Понекогаш ќе биде повреден, ги гледаш оние што ги сакаш во болка и не можеш да бидеш слободен и отворен како што посакува твојот дух“, објаснува таа и додава:

„Би сакала да живеам надвор, што е она што ќе го сторам веднаш кога моите деца ќе наполнат 18 години. Во моментов, ние мора да бидеме блиску до нивниот татко“.

останати вести