Амал Клуни никогаш не изгледала поубаво, во мини фустан ги покажа долгите нозе (ФОТО)

by Тони Зографски

Амал Клуни, имено, се појавила заедно со својот сопруг Џорџ Клуни на свеченото доделување на „Чаплин наградите“ во Њујорк. Гала вечерта се одржала во Алиса Тали Хол во рамките на Линколн центарот, а настанот претставува еден од најважните годишни моменти кога е филмската уметност во прашање.

Клуни, 64-годишниот оскаровец, бил во центарот на вниманието како овогодишен добитник на признанието за „повеќеслојна кариера како актер, режисер и продуцент, но и за хуманитарната работа и личниот интегритет“.

Кога е изгледот во прашање, тој одиграл на проверено — црно одело, бела кошула и пеперутка-врска — класична комбинација за „целосен погодок“. Нема што ни да додадеш, ниту да одземеш. Сепак, речиси подеднакво внимание кај присутните привлекла и Амал.

За оваа прилика таа избрала впечатлив мини фустан во нијанса на јарко виолетова, со асиметричен крој и нагласен волумен во горниот дел. Моделот открива едно рамо и нозете, но благодарение на структурата и кројот делува софистицирано. Го комбинирала со златни салонки и чанта во ист тон, со што дополнително го нагласила гламурозниот карактер на комбинацијата.

Клуни меѓу најплатените актери во светот

Покрај деловните успеси, брачниот пар Клуни има причина за славење и кога станува збор за нивните финансии, со оглед на тоа што Џорџ неодамна се најде на листата на 20 најплатени актери во 2026 година, а внимание привлече и заработката од неговиот минатогодишен ангажман на Бродвеј.

Инаку, Амал и Џорџ Клуни веќе со години успеваат да балансираат меѓу јавните обврски и семејната приватност. Во брак се од 2014 година, а заедно имаат близнаци, Александар и Ела, кои сега имаат 9 години и за кои се обидуваат колку што е можно повеќе да ги заштитат од медиумското внимание.

останати вести