229
Алесандра Амбросио (43), познат бразилски супермодел, е „уловена“ со новото момче Бак Палмер на плажа во Рио де Жанеиро. Двојката се бакнувала пред сите присутни.
Алесандра ужива во прегратката на згодното момче Бак Палмер, австралиски дизајнер на накит. А новите папарацо фотки од плажа покажуваат дека се вљубени до уши.
Имено, познатата убавица и нејзиното атрактивно момче се фотографирани како се држат за рака на брегот, откако излегле од водата.
А потоа влетале во прегратка еден на дру и сите присутни на плажата им покажале колку се сакаат.
Алесандра Амбросио изгледала одлично во шареното бикини, покажувајќи ја својата беспрекорна фигура. Нејзиниот партнер бил во црн костим за капење, а сите биле воодушевени од неговото мускулесто тело.
