АКТЕРКАТА ОБЛЕКЛА КЕСА: Долниот дел на фотографијата крие скандалозна глетка (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската актерка, на сите најпозната како поранешна девојка на Канје Вест, Џулија Фокс неодамна се појави на престижната прослава на магазинот „Харперс базар“ во Њујорк, во ексцентрично, секси-издание на кое е невозможно да се остане рамнодушен.

Познатата 32-годишна актерка избра храбра, смела, иако по малку бизарна креација на лондонската дизајнерка Џоана Празмо, која едноставно е создадена за да привлече погледи.

Џулија носеше краток, целосно проѕирен фустан со сребрени спајалици, изработен од материјал кој потсетува на пластична кеса, што на љубопитните им даде јасен увид во тоа какви гаќички носи актерката, додека од градникот ни трага, ни глас.

Bizarno izdanje Džulije Foks

Фокс ја заокружи комбинацијата со уште поексцентрични чевли – сандали со огромна платформа, кои ги завитка во проѕирна кујнска фолија, истиот трик го примени и на својата чанта, а како што им откри на новинарите, тоа ѝ паднало на памет еден час пред да дојде на забавата.

Glumica se nije libila da pokaže donji veš

Фото: Профимедија

 

останати вести