828
Еден од оние кои постојано информира на социјалните мрежи околу пандемијата на коронавирус, е матичниот лекар, д-р Ненад Лазаров.
Тој денеска преку својот Фејсбук профил предупреди од опасноста од бразилскиот и јужноафриканскиот сој кој може да се прошири во Македонија.
“Секој кој патувал во Африка и Јужна Америка треба да биде под задолжителна изолација од 14 дена, со спровод!
Уствари, секој кој излегува од државата треба да се изолира од ВЧЕРА,
ако ни го донесат сојот од Африка или Бразил, ќе има катастрофа од епски размери.
Ако не е веќе касно…“ напиша д-р Лазаров.
