АВИОН СЕ УРНА ВРЗ АВТОМОБИЛ СО МАЈКА И ДВЕ МАЛИ ДЕЦА ВНАТРЕ (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Eдно лице загина, а петмина се повредени откако мал авион се урнал врз автомобил на мост во Мајами.

Авионот полетал од холивудскиот аеродром до аеродромот Опа Лока во Мајами. Не е јасно зошто тројцата патници патувале од Холивуд до Мајами.

Сепак, пилотот во критичниот момент загубил контрола и авионот се срушил на мостот Хауловер, во моментот кога по него се движело возилото.

Повредените се хоспитализирани, а еден е во критична состојба.

останати вести