Брзо надополнување на енергијата on-the-go е основна потреба на современиот потрошувач за да се справи со предизвиците на динамичниот животен стил. Затоа, не треба да се чувствувате лошо по консумација на Вашата ужина.
Со Vitalia Super Raw Bars, веќе и не морате! Кажете НЕ на junk ужинките, празните калории и вештачкиот вкус. Кажете ДА на guilt-free уживање со вистински состојки и вкус што ви останува во паметење!
Vitalia Super Raw Bars, претставуваат здрава ужина, со 100% природни состојки, без глутен, без додаден шеќер и погодни за лица што водат вегански животен стил.
Сировата храна е дефинирана како „консумација на храна која е термички обработена на температура пониска од 48ºС“. Она што ја прави сировата храна посебна е фактот што минималната термичка обработка придонесува за задржувањe на оригиналните ензими, нутритиенти и биоактивни компоненти.
Истражувањата покажуваат дека консумацијата на сирова храна води до зголемена енергија, помага во одржување на телесната маса, го намалува вкупниот холестерол и концентрациите на триглицериди.