По Деми Мур, Кристина Агилера, Бритни Спирс, Синди Крафорд кои се сликааа со гол стомак во бременоста, тоа го стори и нашата поп-ѕвезда Тамара Тодевска.
Тамара е бремена по втор пат и на крајот на годината треба да роди син. И за време на првата бременост со ќерката Хана, пејачката позираше разголена, а очигледно е дека сличен спомен сака да има и пред раѓањето на второто дете.
Тамара ја објави сликата од фотографот Бојан Стоилковски на својот Инстаграм профил и доби комплименти од пријателите.