Истражување на Универзитетот во Тексас во 2017 година за пропорциите на телото, навело дека Кели Брук (24) го има тоа што се смета за научно најсовршено тело на светот.
Научниците тогаш откриле дека идеалното женско тело е со висина од 1,68 метри, обемот на струкот и колковите изнесува 99х63х91 сантиметри, што речиси се совпаднало со пропорциите на актерката.
Во интервју за „The Sun’s Fabulous Magazine“, таа открила дека отсекогaш се чувствувала како „аутсајдер“ во модната индустрија поради својата заоблена фигура на тело.
Кели во индустријата е речиси три децении, а исто така истакнала дека пропуштила прилики за работа поради тоа што модните шефови ги вработувале витките модели.
Во текот на интервјуто таа изјавила и дека модната индустрија сепак се сменила, но и дека сега таа ги прифаќа своите облини.