Американската актерка Дакота Џонсон е заштитно лице на новата кампања за фармерки и долна облека на „Келвин Клајн“. Фотографиите ги направи Гордон фон Штајнер во куќа во Топанга, каде што актерката позира провокативно во опуштена атмосфера и речиси без облека.

Имено, во интервју за „Харперс базар“, Џонсон откри дека снимањето се одвивало во многу лежерно расположение.
– Беше навистина опуштено. Се слушаше одлична музика, постојано се шегувавме, а јас претежно шетав гола, додека многу луѓе избегнуваа контакт со очи со мене – се присетила актерката.

На фотографиите, таа носи два различни модели на фармерки, што, вели таа, го одразува нејзиниот личен стил на облекување.
– Ги обожавам широките фармерки бидејќи навистина го носат целиот аутфит. Овие се совршено широки и опуштени, и одлично одат со поубав горен дел – објаснила таа.

Џонсон, исто така, открила дека се чувствува најудобно во долна облека дома и дека најчесто носи танга.

– Долната облека на Келвин Клајн што особено ми се допаѓа во моментов се боксерки, бидејќи спијам во нив, а наутро можам да шетам низ куќата и да правам работи. Кога ќе се вратам дома, обично ги соблекувам панталоните, особено ако е жежок ден, па затоа сум најчесто во долна облека дома. Тоа е едноставно тоа што сум – рекла таа.

Сепак, таа додава дека понекогаш сака да се чувствува како да не носи ништо.
– Најчесто носам танга, јас сум тој човек. И Келвин ги прави. Ве прават да се чувствувате како да не носите ништо, и мислам дека тоа е навистина одлично – открила Џонсон.

