На Неделата на пливање во Мајами 2022 (Miami Swim Week 2022) на која доминираше трендот на микро мини бикини, можеа да се видат и селотејп бикини. Овој тренд, создаден пред неколку години, сега има нова димензија според која селотејпот и телото создаваат уметничка композиција.
Еден од застапниците на овој тренд на костими за капење – Black Tape Project – претстави нови композиции, создадени од разнобојни лепливи ленти.
Една од манекенките која носеше дизајни со леплива лента откри на социјалните мрежи дека биле потребни 12 часа за да влезе во нејзиното „бикини“.
Екстремното сфаќање на трендот на микро бикини како да ја презеде Miami Swim Week.
Особено доминантни беа clothing микро мини бикините – ги имаа во своите колекции речиси сите брендови, учесници на настанот.
Австралискиот бренд VDM на својата веб-страница наведува дека „ги урива границите и презема нови храбри модни чекори со кои костимите за капење се „толку интензивни“./М.М.