Полина Ниџоли (26), руска актерка, филмска продуцентка и инфлуенсерка решила да му се одмазди на своето поранешно момче на, како што вели, најдобар можен начин.
Со оглед на тоа што е многу активна на социјалните мрежи, Полина објави видео на ТикТок во кое откри дека нејзиното поранешно момче ја оставило поради нејзината кариера.
– Ми раскина бидејќи сака да се фокусира на кариерата, а сега излегувам со сопственикот на неговата компанија. Одмаздата треба да се сервира ладна – рече Полина.
Од објавувањето, видеото е прегледано 1,2 милиони пати и има повеќе од 1.500 коментари.
– Моќен потег. Ти си мојата инспирација – напишала една девојка.
– Интересно е што направи. Сепак, поставувам едно прашање. Дали сте со сопственикот на фирмата само за парите – прашала една девојка, а Полина одговорила:
– Драги мои, заработувам милиони и имам своја компанија со 100 вработени. Дали треба да излегувам со некој што е полош од мене? Не, благодарам.