Таткото на осум деца ,Нику Урзика од Романија се заразил со коронавирус и почина само два дена пред да биде отпуштен од болница, пренесува Метро.
Откако почнал да ги чувствува симптомите на инфекцијата, тој отишол во болницата каде го лекувале. По седум дена на интензивна нега, неговата состојба се подобрила и Нику помислил дека се опоравил. Тој требало да биде пуштен на домашна нега, но потоа се случил неочекуван пресврт.
Состојбата на Нико одеднаш повторно се влошила и тој за жал починал и ја остави зад себе сопругата Лидија и осумте деца. Неговиот брат изјавил дека откако ги почувствувал симптомите, поминал една недела во кревет дома, па дури и се вратил на работа два дена. Отишол во болница дури откако почувствувал отежнато дишење.
„По една недела помината на интензивна нега, тој беше преместен во друг оддел и лекарите зборуваа за негово пуштање дома, кога ситуацијата одеднаш се смени“, рече тој за „Обектив“.