„Забега министерчево! Порачува ‘Сус!’ за историчарите, но и за целата јавност!”, коментира режисерот Владимир Милчин, по изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, во која тој вели: „Политичарите да не коментираат историски прашања, историчарите да не коментираат политички прашања. Историчарите не смеат да зборуваат за процесот што ги дефинира политичките прашања“.
Милчин на Фејсбук пишува:
“Забега министерчево! Порачува “Сус!” за историчарите, но и за целата јавност! Ќе дели дозволи за “благонадежните” кои ќе смеат да ги коментираат, односно да им аплаудираат на политичарите? На власта која не трпи критика и кога е боса, односно некомпетентна за проблемот, како што е некомпетентна за историјата. Грдо е да распродаваш туѓа историја и згора на тоа да наложуваш молк!
P.S. Ќути кад разговараш са мном, ни наредуваа капларите во ЈНА. На тоа ме потсетува Бујар Османи“.