Во дубровничкото пристаниште викендов вплови една од најголемата јахта на светот “Јас“ на арапскиот шеик Хамдад бин Зајед бин Султан ал Нахјан и неговиот син Мухамед.
Во саботата вечер, во еден од тамошните ноќни клубови, еден од пријателите на Мухамед се опуштил, частел хостеси со шампанско и направил цех од 50.000 евра.
Поради високата сметка, морала да се замеша и полицијата која го привела, и со помош на останатите гости кои донирале, се платила сметката од над 375.000 куни (над 50.000 евра).
Инаку, богатството на фамилијата на шеикот Нахјан се проценува на десетина милијарди долари, а неговата компанија брои 50.0000 вработени. Мохамед е газда и на третата најголема јахта на светот, долга 182 метри,