Лицата со посебни потреби во Америка нема да ги имаат истите права во лекување од коронавирус како останатите заболени.
Имено, при расподелба на респираторите во Алабама, Вашингтон и Аризона, во упатството до медицинските работници им е наложено да не ги трошат на лица со посебни потреби.
“ Лицата со ментална ретардација, напредна деменција и повредите на мозокот се слаби кандидати за респиратори“, стои меѓудругото во упатствата.
Здруженијата на лицата со посебни потреби остро ги осудија овие мерки, поднесоа жалба да американското здравство и побараа гаранција дека сите погодени од вирусот ќе добијат исто право на лекување.
Инаку, овие мерки се донесени откако по шокантниот пораст на заболени од коронавирусот во САД, а тамошниот здравствени систем е пред тотален колапс.