Позади пејачката легенда Тома Здравковиќ се многу хитови посветени на жените, но можеби најголем е чувениот “Данка“ од 1990 година од албумот “Кафана е моја судбина“. Најинтересно е што оваа песна не била посветена на неговата жена, туку на сосема друга личност. Се работи за славната југословенска спикерка, Данка Нововиќ, која била блиска пријателка на покојниот пејач.
– Бевме пријатели, а Тома беше со големо срце и полн со емоции. Сепак, не сакав да ме поврзуваат со луѓе од естрадата кога е во прашање љубовта. Затоа му се лутев на Томо кога слушнав дека ми посветил песна, – изјавила во една прилика спикерката, и додала дека една вечер легендарниот пејач го разбудил нејзиниот полубрат Новица за да му ја отсвири песната која и ја посветил.
– Никогаше немав љубовни емоции кон Тома. Кога “Данка“ стана хит долго не разговарав со Томо бидејќи мислев дека никогаш нема да може да и објасни на јавноста дека не сум негова љубов. Тој од среќа цела вечер ја частел кафаната.
Постои верзија и дека Томо оваа песна и ја посветил на сопругата Гордана.
– Данка од песната е неговата сопруга Гордана, која ја викаа Дана. Може Данка Нововиќ да зборува што сака, ама ова е вистинската Данка, – изјавила натрициунистот Маја Волк со слика со сопругата на Тома Здравковиќ.