Десетина врвни државни функционери можат да настрадаат законски и политички поради непочитување на законот во случајот Рекет со Боки 13.
Во аудио разговорите кои ги поседува обвинителството во случајот “Рекет” има изјави на еден од осомничените во кои тој тврди дека на високи државни функционери од една партија давал скапи подароци, тврди извор упатен во истрагата, објави Република.мк.
Подароците кои во најголем дел биле давани на функционери од женски пол и сопруги на највисоки државни функционери кои биле набавувани со парите добиени од рекет за што тие што примале подароци морале да претпостават. Главната причина зошто директно “даруваните” функционер(к)и или преку нивни сопружници можат да бидат гонети е непријавување на имотот согласно Законот за борба со корупцијата донесен од СДСМ и ДУИ во јануари годинава.
Според законот секој подарок што го добива фумкционер мора да биде пријавен во имотен лист.
Досега ниту една (еден) од тие што примиле подароци од Боки 13 не пријавил добивање на подарок од сега приведениот за рекет.
Опасноста за тие што примиле подароци од Боки 13 е двојна.
Од една страна ако газдата на 1ТВ ја оствари заканата “дека ќе ја отвори пандорината кутија” доколку биде уапсен, може да доведе до откривање на нивните имиња.
Од друга страна, ако врз основа на снимените докази што ги поседува ОЈО биде поведена истрага и во тој правец, тие ќе мораат да го докажуваат потеклото на подароците што ќе ги поврзе со Боки 13.