Триесет и тригодишниот Цаи Јанкви ги помина последните три години патувајќи низ Кина се со цел да им помогне на бездомниците. Тој решил да им се посвети на овие луѓе. Претходно, работел на тезга во една улица кога видел босоног бездомник како поминува покрај него. Овој човек го потсетил на очајот што го предизвика загубата на неговиот брат пред повеќе од 20 години.
Имено, во 1994 година братот на Цаи кој бил болен од епилепсија, го напуштил домот, а кога го нашле бил во толку лоша состоба што починал пред очите на семејството. Цаи се потсети на својата мајка која со денови не станувала од кревет и го плачела својот починат син. Затоа кога го видел бездомникот сватил дека мора да стори нешто.
Во јули 2016 година, тој купил комбе на старо, го опремил со ќебиња и други потрепштини и тргнал во потрага по бездомници кои сакаат да се вратат кај своите семејства. Од тогаш тој поминал преку 90.000 километри низ Кина и успеал да спои 50 бездомници со своите семејства. И покрај благородната цел на Цаи, приближувањето кон таквите луѓе воопшто не било лесно, бидејќи некои едноставно не сакале да си одат дома.
Цаи вели дека зад секој бездомник постои семејство кое страда за него, но признава дека многумина со кои се запознал не сакаат да се вратат во нивниот стар живот. Тој тврди дека неговата мисија ќе биде завршена оној ден кога веќе нема да може да најде бездомници на улиците.
“Моето семејство го поддржува мојот начин на живот и мојата цел”, рече Каи. Тој има собрано многу фанови на интернет, кои донираат пари за неговата цел, со што ги покрива неговите трошоци.