Пејачката Камила Кабељо го посети Порторико по престојот во Атина, Грција минатиот месец. Таа објави серија слики од оваа егзотична дестинација и најави дека наскоро ќе се затвори во студио да сними нов албум.
И додека едни ја критикуваат заради изгледот, други ѝ делат комплименти. Сепак, меѓу најсрамните реакции беше забелешката дека музичката ѕвезда на плажа изгледа како бебе кит. Но сигурно знаете дека сето она што го кажувате негативно за другите често открива повеќе за вас.
Замислете… причината за ваквите забелешки беше тоа што Камила Кабељо има целулит и неколку килограми вишок. За тоа и најчесто се критикуваат жените, а кога сте на јавна сцена, негативните, срамни коментари стануваат уште погласни.
Но изгледа дека самата Камила Кабељо е најгласна – и кога пее брилијантно и кога гордо ја истакнува својата убавина.
Во серијата слики што ги објави на Инстаграм, таа позира топлес. Многумина ѝ велат дека е убава и вистински пример за природна убавина. Но има и такви кои истакнуваат дека треба да држи диета додека снима нов албум – многу се мудри, нели?
Видео и фото: Инстаграм