Камерман на „УС Опен“ ја снимаше полската тенисерка Ига Швјонтек, додека се пресоблекуваше. Светската тенисерка ја сними пред полуфиналниот натпревар со Арина Сабаленка во Њујорк. Заради тоа се најде на удар на голем број луѓе. Но, имаше и такви кои го бранеа.
Некои напишаа дека можел да ја сврти камерата на друга страна, а некои побараа и да добие отказ. Оние кои застанаа зад него, објаснија дека само си ја вршел работата и дека не направил ништо лошо, а и дека тенисерката кога била во кадар се пресоблекувала на самиот терен.
Инаку, Ига Швјонтек е победничка на УС Опен. По голема борба таа успеа да го добие драматичното финале против Онс Жабер со 2:0 во сетови.
Полската тенисерка релативно лесно го доби првиот сет со 6:2 во гемови, а неверојатно драматичен беше вториот сет. Швјонтек и Жабер на одушевување на публиката играа тај-брејк, а на крајот за нијанса подобра беше првата носителка. Го доби 13. гем со 7:5 на поени. Жабер беше одлична ривалка, го даде максимумот, но, за жал не успеа да избори трет сет.
https://twitter.com/i/status/1567694273625161729