Летото е сезона на бројни вируси, па затоа голем број на болести добија епитетот „летна инфекција“. Како да ги разликуваме од ковид 19, чија пандемија сè уште трае? Одговорот на тоа прашање го даде д-р Горан Стевановиќ, директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести, на вчерашната прес-конференција.
„Разликите се прашање на клиничката слика и целосен увид во состојбата на пациентот, анализа на крвната слика, лабораториска анализа, маркери на воспаление … Ова е нешто за што треба да одлучи лекарот, и затоа ги повикуваме и апелираме секој што има проблеми што изгледаат како ковид да се пријават во тријажните ковид центри. Овие кои сè уште не се сигурни се упатени до тријажните ковид болници. Одлуката за тоа дали нешто од симптомите личи на ковид е на лекарот. Никако не можеме да кажеме дека некој сам себе може да си постави дијагноза, уште полошо да каже дека нема ковид. Јас велам повторно, тоа е работа на докторот“, одговори на вчерашната конференција проф. Д-р Горан Стевановиќ, директор на Клиниката за инфективни и тропски заболувања „Проф. Д-р Коста Тодоровиќ“ и член на Кризниот штаб на Србија за да се спречи ширењето на инфекција ковид-19.