Џенифер Аткин денес е Мис на Велика Британија, но она што никогаш не би претпоставувале е дека не толку одамна нејзиниот индекс на телесна маса бил 40 и дека затоа имала прекумерна тежина, за што сведочи и фактот дека имала 108 килограми!
„Сè започна кога одев на редовна систематска контрола поради астма. Медицинската сестра ми рече дека сум се здебелила многу и дека тоа е причина за голема загриженост”, вели оваа убавица.
„Дебели сте, мора да јадете помалку и да се движите повеќе затоа што во спротивно ќе влезете во ситуација да мора да го намалите стомакот“, ѝ рекол тогаш еден здравствен работник.
Никој не би ги сакал овие зборови, а Џенифер се сеќава како се чувствувала тогаш и што правела.
„Беше сурово да го слушнам тоа. Првото нешто што направив е да си купам чипс и чоколадо за да се утешам. Сепак, понекогаш треба да им кажете на луѓето дека се дебели. Ако таа не ми кажеше, кој знае што ќе ми се случеше”.
Овој непријатен настан се случил во 2015 година, но не е единствената непријатност што ја доживела Џенифер.
Имено, свршеникот ја оставил со зборовите дека е „премногу дебела“, па затоа поминала неколку недели во плачење и – претпоставувате – се тешела со храна. Сепак, тогаш таа решила да го земе животот во свои раце и да се промени.
https://www.instagram.com/p/CEcUKL9puRE/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
„Кога ќе слушнам луѓе кои се борат да ги извадат зборовите дебели и гојазни од употреба, мислам дека тоа е смртна опасност за нив. Мислам дека не се во право. Знам дека сега е препорачливо дебелите луѓе да се нарекуваат луѓе кои живеат со гојазност и мислам дека е многу погрешно затоа што им ја отстранува целата вина. Дебелината е комплексен проблем, но не можете да кажете дека дебелите луѓе не придонеле сами за нивната состојба“, рече таа.
Таа е многу експлицитна кога вели дека работите треба да се нарекуваат според нивните вистински имиња.
„Кога индексот на телесна маса е повисок од 25, вие сте дебели, без оглед колку се трудите да го засладите поимот. Медицинската сестра ми рече многу директно и јасно да се откажам од чоколадо. Требаше да го слушнам тоа. Тоа е она што ми требаше. Тоа ми го кажа со тон на строга мајка, а не професионалец. Беше понижувачко. Сепак, токму тоа ме зачуди.“
Оваа девојка секако е против намерно понижување некого, но верува дека не им помага на дебелите луѓе тоа што другите ги штитат од вистината.
„Никој од моите пријатели никогаш не ми рече дека сум дебела. Само една пријателка ми предложи неколку пати дека треба да внимавам колку јадам. Тогаш бев лута на неа, сега и сум и благодарна. Сега сум среќна, сигурна, свршена со прекрасен човек. Немав идеја колку вишок килограмите ми пречеа додека не ослабнав. Бев постојано уморна и постојано болна. Денес веќе немам проблеми дури и со астма. Фактот што некој брутално ми рече дека сум дебела ми го спаси животот. Не смееме никому да скратиме таква шанса“, рече Мис Британија, која поминала долг пат да ја достигне таа ласкава титула.
https://www.instagram.com/p/CFw1Bjkp_C6/?utm_source=ig_web_button_share_sheet