Специјалист дерматовенеролог д-р Искра Петровска Шешова
Хијалуронските филери се едни од најупотребуваните и најбараните третмани во естетската дерматологија после употребата на третмани со ботокс.
Хијалуронските филери претставуваат поплнувачи кои содржат хијалуронска киселина која природно се наоѓа во нашата кожа.Таа на истата и ја дава свежината,еластичноста и младешкиот изглед.Нејзината улога е да ја задржува водата во кожата(хидрира),да го намалува сушењето, да ја подобрува еластичноста , затегнатоста и да ги забрзува процесите на заздравување на кожата.
Како ние старееме така се намалува концентрацијата на хијалуронската киселина во нашата кожа.Тоа го предизвикува настанувањето на првите брчки,кожата станува сува,се намалува еластичноста , волуменот и се губи сјајот и свежината.
Што добиваме со употребата на хијалуронски филери
-Враќање на влажноста на кожата (хидратација)
-Подобрување на еластичноста и затегнување на кожата
-Ревитализација
-Враќање на волумен на кожата
-Потекнување на создавање на нов колаген и еластин
-Лифтинг на лицева регија
Каде се употребуваат хијалуронските филери
-Пополнување на брчки на назолабијални бразди
– Пополнување јаболчници
– Лузни од акни
-Зголемување на усни
-Корекција на нос и брадичка
-Подочњаци
Каде неможат да се употребуваат хијалуронските филери
Хијалуронските филери неможат да се употребуваат кај лица кој се алергични на супстанцијата која ја има производот
Ако имаат моментална инфекција на кожата
Кај бремени жени и доилки
Ако имаат некое автоимунозаболување
Како се изведува постапката
Пациентот доаѓа на консултативен разговор со цел да биде информиран за целата постапка.
Од особена важност е пристапот да е индивидуален.
-На пациентот му се дава протокол за согласност за апликација со хијалуронски филер.
-Делот кој ќе се третира се чисти од шминка и се става локален анестетик и се држи 5-10мин.да обезболи местото.
-Потоа се чисти од анестетикот се одбележува местото каде ќе се аплицира филерот.
-Местото на апликацијата се дезинфицира и се вбризгува хијалуронскиот филер.
-По завршувањето на третманот се користат ладни облоги со цел да се смири црвенилото и отокот.
-Ефектот е видлив веднаш после третманот . Но најдобрите резултати се гледаат после 14 дена додека се смири црвенилото , отокот и додека се распредели самиот филер.
Ефектите од хијалуронскиот филер траат помеѓу 9 до 12 месеци може и подолго.Тоа зависи од концентрацијата на хијалуронската киселина во филерот,каков тип сме употребиле,од квалитетот на самиот филер,од градбата на кожата и од моменталната состојба на лицето.
Несакани ефекти
Хијалуронските филери имаат најмалку несакани ефекти единствено може да има лесно црвенило после третманот, оток и модрица кои за неколку дена се повлекуваат . Доколку се работи нестручно и со неквалитетен производ несаканите ефекти може да се сериозни како што е појава на грануломи,инфекција на кожа и изумирање ( некроза на ткиво) Несаканите ефекти се сведуваат на минимум ако се изведуваат во медицинска установа и од стручно лице .
Добар производ не може да е и ефтин производ.
Добро распрашајте се за клиниката каде планирате да го правите овој третман.
Докторот да е лиценциран и сертифициран со долгогодишно искуство во естетската медицина.