H&М, втор по големина моден трговец во светот, денеска соопшти дека го запира својот бизнис во Русија, придружувајќи се на листата компании што целосно ја напушта земјата со што вредноста на нивните акции се намали за еден отсто.
Компанијата го суспендираше својот бизнис во Русија на почетокот на март во пресрет на санкциите на Западот против Москва, по нејзината инвазија врз Украина. За H&M, Русија беше шести најголем пазар и компанијата го зголемуваше бројот на продавници во земјата, затварајќи продавници на други пазари.
„По внимателно разгледување, со оглед на моменталната ситуација, ние го гледаме како невозможно продолжувањето на нашиот бизнис во Русија”, се наведува во соопштението на извршната директорка Хелена Хелмерсон.
Според портпарол на компанијата, околу 6.000 вработени во земјата ќе бидат погодени од одлуката.
„Ние сме навистина тажни поради влијанието што ова ќе го има врз нашите колеги”, додава Хелмерсон.
Се очекува целиот процес да чини околу две милијарди шведски круни или 191,3 милиони долари, од што една милијарда круни ќе имаат влијание врз ликвидноста, оценува H&M. Вкупната сума ќе биде вклучена како еднократни трошоци во резултатите за третиот квартал.