Францускиот актер Винсент Касел ненадејно ги избришал сите фотографии од својата млада сопруга Тина Кунаки од Инстаграм поради многу гласни шпекулации дека парот ставил крај на нивниот брак по пет години заедно.
Прославениот 56-годишник и 30 години помладата убава манекенка се венчаа во 2018 година, две години откако почнаа да се забавуваат, а во април 2019 година ја добија ќерката Амазонија.
„Тие раскинаа пред неколку недели. Тина е со скршено срце”, рекол извор за Daily Mail.
Иако ниту еден од нив не ги коментирал наводите за пропаѓање на бракот, јасно е дека нешто не е баш во ред меѓу нив – Касел претходно редовно објавуваше заеднички фотографии со Тина, па дури и такви на кои таа е сама и и пишуваше емотивни пораки. Но, сега сè исчезна без трага, дури и оваа 26-годишна жена долго време не споделуваше ништо за својот сопруг на социјалните мрежи.
Исто така, сомнителен е и податокот што парот не се појавува заедно во јавност од јануари годинава, иако претходно беа практично неразделни и рака под рака ги посетуваа сите јавни настани.
Да потсетиме дека нивната романса ја започнаа кога Тина имаше само 18 години, набргу откако Касел стави крај на бракот со Моника Белучи. Повеќето беа убедени дека францускиот шармер никогаш нема да најде жена која би можела да и парира на италијанската дива, но изборот на младата и убава Тина дефинитивно сите ги разубеди.
Инаку, славниот Французин беше во брак со Белучи од 1999 до 2013 година, а ги имаат ќерките Дева и Леони.