Во изминатите 24 часа регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19 од направени 893 тестови, а починато е едно лице. Во истиот период регистрирани се и 89 оздравени лица.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 893 тестови, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 15, Битола – 3, Кавадарци, Кичево и Виница – по 1. Од вкупниот број на позитивни (21), не се регистрирани реинфекции.
Регистрирани сe 89 оздравени пациенти од: Скопје – 53, Битола – 16, Прилеп – 6, Велес – 4, Кавадарци и Куманово – по 3, Штип – 2, Кичево и Тетово – по 1. Во текот на изминатите 24 часа е регистрирано едно починато лице од Прилеп (72г), починато во болнички услови.
Од Министерството за здравство додаваат дека согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително не се регистрирани починати лица.