Д-р Оливер Зографски, ПЗУ „Зографски“ Велес
-Дијагноза на вазомоторниот ринитис
За да се направи диференцирање дали се работи за алергија или вазомоторна реакција, треба да се направи кожен алергиски тест. Потребно е да се направи преглед кај оториноларинголог. Се прави ендоскопски преглед на носот.
По потреба се прави и компјутерска томографија на носот и синусите, за да се исклучи хроничен синузитис или евентуален наод на полипи во синусите или носот.
-Како се лекува вазомоторниот ринитис
Најчесто се користат ОТЦ препарати како хипертонични солени раствори, орални деконгестиви и антихистаминици, понекогаш се потребни деконгестиви во нос, но не подолго од 5-7 дена. Се користат и интраназални антихистаминици. Најчесто се третира со локални кортикостероидни спрејови
Во секој случај потребно е да се консултирате со својот лекар, а најдборо со оториноларинголог, бидејќи за употреба на деконгестиви или назални стероиди е потребен лекарски совет.
Доколку има деформација на носната преграда, задебелување на носната лигавица или полипи потребно е да се направи и оперативен зафат со кој ќе се овозможи добра проодност на носните ходници.
-Превенција на вазомоторниот ринитис
Превенцијата може да биде тешка доколку не знаете што го предизвикува затнувањето на носот. Доколку ги препознаете причините, т.е. тригер факторите за појава на вазомоторниот ринитис, треба да се обидете да ги избегнете доколку е тоа можно.
Во домот треба да се одржува континуирана температура и влажност, да се избегнува престој во задимени простории, како и простории изложени на хемиски иританси.
Спортот и физичката активност помагаат во отнување на носот и привремено смирување на симптомите.