Таткото на Тијана Јуриќ која во 2014 година беше грабната, силувана и убиена, Игор ја шокираше српската јавноста објавувајќи дека поседува докази за злоставување на деца од страна на политичари и други бизнисмени во Србија.
– Доказите и фотографиите што ги имаме, кои се однесуваат на луѓе познати во јавноста кои злоупотребуваат деца, не се само со мене. Тие ги имаат моите двајца пријатели, и ако нешто ми се случи, тие ќе ги објават пред јавноста”, изјави Игор Јуриќ за Вечерњи новости.
Според него станува збор за „јавна тајна“ која досега никој немал храброст да ја објави.
-Знаев дека тоа постои, поточно сите знаеме, па и вие новинарите посебно знаете дека е тоа „јавна тајна“. Првпат луѓе кои ни веруваат и ја почитуваат работата на Фондацијата ни доставија одредени докази. Конкретно работиме долго време на ова, тешко е да се дојде до овие луѓе, тешко ќе се докаже се’ што зборувам. Луѓето кои се вклучени во борбата против трговија со луѓе знаат за што зборувам. Пријавите ќе ги поднесеме само кога ќе имаме доволно докази за да ги пратиме таму каде им е местото. Имаме материјал јавно да ги објавиме, но тоа мене не ми е целта. Сакам да ги видам во затвор. Во разговор со нашиот правен тим, се согласивме дека треба да дојдеме до уште неколку клучни работи. Ова свесно го кажувам, за тие луѓе да знаат дека знаеме за нив. Им благодарам на сите што ризикуваат со тоа што ни помагаат, вели Игор.