Сите летови се откажани поради дојава за поставена експлозивна направа на скопскиот аеродром. Во тек е итна евакуација на вработени и патници.
Ова е првпат да има дојава на аеродромот, после серијата на дојави низ училиштата, трговските и деловните центри. Вчера дојави за бомби имаше и во неколку кумановски училишта.
Исто така и вработените на „Ист Гејт Мол“ повторно денеска биле евакуирани после дојава за бомба.
МВР со повеќе детали ќе излезе во текот на денот.