Мајката на Меган Маркл се расплака во документарецот објавен од Нетфликс наречен „Хари и Меган“, зборувајќи за нејзината ќерка и нејзините самоубиствени мисли.
Имено, Дорија Рагланд, која живее блиску до принцот Хари и Меган Маркл во Калифорнија, заплакала додека зборувала за тешкиот период на нејзината ќерка и нарушеното ментално здравје додека живеела во Велика Британија и дека чувствувала дека во тоа време не може да ја заштити својата, а истакнала и дека Меган поминувала низ голема психичка тортура.
Дорија, исто така, рекла дека папараците ја следеле во чекор, па дури ѝ нуделе и пари за да изнесе детали или фотографии од Меган и Хари.
Хари, исто така, изнел многу работи поврзани со неговото семејство, особено со неговиот татко и брат, алудирајќи дека тие не се венчале поради љубов, туку со жени кои одговарале на „калапот“.
Хари, исто така, во документарецот рекол дека членовите на неговото семејство се прашувале зошто на Меган ѝ е потребна поголема медиумска заштита од нивните сопруги, но не успеале да го разберат „расниот елемент“ и големиот притисок на јавноста.
Тврдењата изнесени во трејлерот денеска беа брзо прогласени како „глупости“ од кралските експерти, додека еден коментатор рече дека серијата е очигледно „облик на одмазда“.
Инаку, првите три епизоди од Хари и Меган се дел од повеќемилионскиот договор на семејството Сасекс со Netlifks и беа емитувани минатата недела, а од денеска се емитуваат последните три епизоди од по три часа.