РАЗРЕШЕНА СУДИЈКА ОД ВЕЛЕС, НА ТАПЕТ УШТЕ ТРОЈЦА

by Тони Зографски

За сторена крупна професионална грешка, Судскиот совет на затворена седница денеска ја разрешил од функцијата судијката од Основниот суд Велес Наташа Мишева.Постапка за утврдување одговорност има и за судиите Наќе Георгиев од Врховен суд и Светлана Јованова. Пред Судскиот совет се најде и постапка за утврдување на одговорност кај Беса Адеми, претседателка на Врховниот суд во Скопје, но оваа постапката е запрена.

Во случајот на велешката судијка, мнозинството членови гласале за разрешување. Судијката е разрешена според член 76 став 1 точка 7 од Законот за судовите, велат од Судскиот совет.

Според овој членоснова за разрешување на судија е нестручно и несовесно вршење на судиската функција, што влијае на квалитетот и ажурноста во работењето на судијата.

Детали за конкретните причини за разрешувањето на судијката не се откриваат.

Инаку, Наташа Мишева е избрана за судијка во 2011 година, а работи на граѓански предмети.

останати вести