Овен (21.03 – 20.04)
ЉУБОВ: Оваа недела би можело да дојде до одредени несогласувања со партнерот. Немојте со вашата тврдоглавост да ги расипете празниците кои претстојат. Решението не е во купување на прескапи поклони. Подобро на вашето семејство поклонете му дополнително квалитетно време поминато со нив, затоа што ќе ви биде подобро и на вас и на нив!
РАБОТА: Не сте расположени да бидете поттрчко на никого, па поради тоа ќе морате да внимавате како комуницирате со раководителите во текот на оваа недела. Исто така, премногу сте лесни за давање ветувања кои подоцна неможете да ги исполните. Сакате да направите се како што треба, но и што побрзо и ќе бидете склони кон претерување. Оваа недела планетарниот склоп ќе ви донесе доста проблеми, па со разбирање бидете трпеливи.
ЗДРАВЈЕ: Вашиот црн дроб не е во можност да го преработи вашиот хедонизам!
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: Оваа недела ќе бидете многу позитивни и дарежливи особено кон најмалите во вашата околина. Немојте да претерувате со храна, затоа што можеби ќе оставите погрешен впечаток, како може некој да биде препиен и прејаден за време на празник. Вашата креативност ќе биде прилично убав поклон.
РАБОТА: Ќе добиете вести од странство, но немојте веднаш да ги земате здраво за готово. Разгледајте се самите пред него да се обврзете на нешто. Планирате бизнис патување, немојте да заборавите дека во оваа „луда“ недела во врска со ова прашање имајте подготвено и план „Б“ и „В“ и уште еден како резерва. Оваа недела гледајте да ги завршувате работите кои претходно сте ги започнале и немојте да влетувате во нови обврски.
ЗДРАВЈЕ: Потребно ви е малку повеќе вежбање. Започнете со утринско истекнување и загревање на мускулите, и немојте ова да го оставите како новогодишна одлука!
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: За вас овој период е многу романтичен. Страста е на значително високо ниво, па ако имате партнер можете да очекувате едно сосема ново ниво на интимна поврзаност со него/неа. Со оглед дека Меркур ќе биде многу ангажиран, па ќе морате да ги менувате личните планови во последен момент. Немојте да се разочарувате, партнерот ќе ви биде преубава поддршка во сето тоа. Внимавајте со прекумерната великодушност!
РАБОТА: Доаѓа до корисни промени кај надлежните лица или бизнис партнерите. Ќе бидете многу успешни во се што работите. Можете да започнете и со нови работи, но бидете свесни дека на колегите околу вас и не им е многу до работа во овој празничен период. Немојте да ги обвинувате другите доколку некаде заглавите, затоа што оваа недела можете да се потпрете само на себеси!
ЗДРАВЈЕ: Се чувствувате одлично, но малку повеќе движење ќе ви биде добредојдено!
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Се чини дека оваа недела вие морате да дадете поддршка на вашиот парнтер повеќе отколку тој на вас. Тоа ќе ве принуди да ги промените вашите планови па за да можете да ослободите повеќе време за сите можни ситуации. Ќе морате да останете втемелени, затоа што ова е време во кое сте најслаби на туѓата симпатичност. Сепак немојте да дозволите да ве искористуваат!
РАБОТА: Не е баш некоја бизнис недела со премногу собрани приватни работи. Настојувајте подобро да се поврзете со колегите кои било кога ќе одработат и нешто за вас. Поклонете го вашето емоционално „рамо за плачење“ на колегите, а тие ќе направат се за вас, што оваа недела не ви оди од рака. На таков начин ќе ги задржите одличните односи во компанијата и ќе го одработите барем оној дел само што морате.
ЗДРАВЈЕ: Потребно ви е чистење на организмот. Како и кај сите празници, повторно сте склони на претерување со храната и слатките. Забавете малку!!!
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Оваа недела би можеле да препознаете една личност како онаа што секогаш овозможува да имате насмевка на вашето лице. Немојте поради тоа да потрошите се што имате со цел истата да ја маѓепсате со поклони за време на празиците. Како и секогаш, овие празници не се нешто повеќе од покажување на матријалната (не)моќ! Искрен разговор и признание ќе бидат исто како и скап поклон, но ќе делува поинтимно.
РАБОТА: На вам на распоредот ви се бизнис промени, па бидете подготвени на се. Ќе бидете склони на ризикување, што и не е така лоша работа, но проверете повеќе пати, не поради вас, туку поради другите. Не се сите подготвени така сериозно да работат за време на празниците, како вас. Во истовреме, надлежните ќе го забележат вашиот труд!
ЗДРАВЈЕ: Потребен ви е здрав начин на живот. Движете се повеќе и јадете готвена храна, но немојте веднаш да заминете во најскапиот нов ресторан кој нуди здраво мени!
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: Бидете внимателни што посакувате, затоа што токму тоа би можело и да се случи! Вашиот владател Меркур е веќе на крајот на Стрелец, што пред вас става период во кој се е можно! Ако имате партнер внимавајте во авантурата која ја посакувате, затоа што би можеле да бидете фатени на дело! Некој ќе ве прогонува и на работа, а на вас е дали ќе можете да се спротивставите на таа личност за време на работната прослава!
РАБОТА: Ќе имате ветувачка можност пред себеси, но немојте да брзате и веднаш да ја прифатите. Меркур моментално не е најповолен за почеток на нови работи. Кога ќе се посветите на конкретното прашање и работите ќе се движат посигурно. Сега посветете се на завршување на заостанатите работи и држете ги отворени сите опции кои ќе ви се понудат!
ЗДРАВЈЕ: Повеќе време посветете на нега на вашето тело. Одете на фризер, маникир, педикир…!!!
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Растргнати сте како и секогаш, и овие празници ќе се обидете да ги задоволите сите. Трачањето од еден до друг нема да ви го донесе задоволството на кое сметате, но и натаму нема да можете да им дадете на сите што сакаат. На крајот би можеле да бидете доста разочарани од целата ситуација. Сепак, планетите ви говорат дека и натаму треба да бидете концентрирани на вашите најблиски.
РАБОТА: Ќе бидете доста креативни кога станува збор за работата. Доколку добро сте го распоредиле вашиот преполн распоред, многу лесно ќе успеете во тоа што е наменет. Сепак, бидете внимателни доколку потпишувате некој договор или слично за време на овој празничен период. Секогаш има луѓе кои сакаат да ја искористат „омекнетата ситуација“.
ЗДРАВЈЕ: На празничната маса бидете умерени, а вашето тело ќе ви биде благодарно!
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Иако претходниов период ви се случија многу убави работи, бевте приморани да се борите за секој дел од сончевата страна. Сега е време да се посветите на вашите блиски и сакани. Комуникацијата конечно ви се подобрува, па ќе бидете благодарни на самите себеси и да го превземете првиот чекор и да пристапите кон оние кои верно ве чекаат.
РАБОТА: Финансиската ситуација се подобрува, но се уште не е идеална. Со оглед на вашиот стил на живот, лесно можете и оваа недела да се најдете на раб на нервен слом. Бидете умерени! Планетите ви се наклонети кога овие прашања се на ред, но вие морате да покажете иницијатива! Слободно бидете одлучни и кажете „НЕ“ на сите околу вас кои се обидуваат да ве навлечат на несигурни бизниси, т.н. брза заработка!
ЗДРАВЈЕ: Потребно ви е повеќе одмор. Искористете ги празниците за некој час повеќе да го минете во кревет!
Стрелец (22.11 – 21.12)
ЉУБОВ: Со Меркур и одличниот однос на Сонцето и Јупитер ви доаѓа долгоочекуваниот ветер во грб, кога станува збор за љубовта. Всушност, откако Меркур конечно се врати во вашиот знак, повеќе работи нема да се свртат против вас. Сепак, бидете внимателни со „ставањето на сите јајца во кошницата“. Ако ништо друго можете да бидете многу среќни затоа што страста се движи со „сто на час“.
РАБОТА: Имате потреба од корен да промените се што е поврзано со вашата работа. Немојте сега се што сте сториле веднаш да го „фрлите низ река“ и да започнете со нови работи. За големи промени е потребно време да се да „созрее“. Покажете малку „ладна глава“ и трепение! Се ќе биде добро, но ова е недела во која големите одлуки треба да се остават за друго време.
ЗДРАВЈЕ: Oдлично!!! Внимавајте на конзумирањето на алкохол за време на празниците!
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: Оваа недела Сонцето ќе си замине од вашиот знак. Повторно ќе бидете во ваш елемент. Овој пат нешто поразлично од инаку. Било да станува збор за нова фризура, изглед или потполно нова личност, ќе имате голема можност да се истакнете пред сите и да покажете дека сте во полн сјај! Немојте веднаш да очекувате пофалби, но се на се уживајте во неделата пред вас.
РАБОТА: Поради Меркур би можете да имате помали проблеми во комуникацијата со бизнис партнерите, но ништо што вашиот шарм нема да може да го надокнади. Дозволете вашите дела да говорат наместо вас и ќе бидете задоволни од резултатите. Бидете остри кон сите методи кои не се особено ефективни, новите идеи ќе почнат да доаѓаат чим ќе се ослободите од теретот на традиционалното.
ЗДРАВЈЕ: Енергијата ви е во пораст. Уживајте во секој момент. Немојте да заборавите да се одморите!
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Oва е за вас многу работен период, но тоа не значи дека нема да можете да одвоите некое време и за вашата сакана личност. Слободно дружете се со пријателите, ако сте слободни тоа би можело да отвори некои опции на кои моментално не сте сметале. Ако сте во врска, препуштете ги зборовите на емоциите кои ве преовладуваат.
РАБОТА: Со толку бизнис работи околу вас, едвај имате време да дишете. За вас како оваа недела да не е празнична. Искористете го целиот ваш шарм со цел на работа да го споделите и на другите. Немојте да се впуштате во финасиски преговори, но не поради вас, туку поради луѓето кои ќе бидат склони да ветуваат се и сешто, а подоцна нема да бидат во можност истото да го реализираат!
ЗДРАВЈЕ: Потребен ви е одмор. Искористете ги празниците за повеќе да се наспиете!
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Меркур досега ви правеше големи проблеми во комуникацијата со саканата личност. Сега е поволен период во кој можете да го надополните пропуштетното и искрено да разговарате со лицата кои ви се важни. Некои ситуации ќе морате веднаш да ги решите, затоа што во Новата година би влегле сами!
РАБОТА: Треба да се посветите на завршување на започнатите работи. Овој месец премногу сте си дозволиле да лутате од едно на друго место и работа. Крај е на годината и билансите мораат да се поклопуваат! Среќа, способноста за прилагодување е на високо ниво, па ќе се снајдете во секоја ситуација и со секој соговорник!
ЗДРАВЈЕ: Нивото на стрес е прилично високо. Обидете се да се опуштите барем за време на празниците и да заборавите на работата.