Од ноќеска на полноќ ЕУРОДИЗЕЛ ќе има нова цена и ќе биде поевтин за 2 денари, односно ќе се продава по 84,5 денари по литар.
Цената на бензините нема да се менува. Односно цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе изнесува 86,5 денари по литар, односно за ЕУРОСУПЕР 95 по 84,5 денари по литар.
Цената на мазутот останува 41,8 денари, а не се менува ниту цената на екстра лесното масло за домаќинство, односно останува 82,5 денари.