Во големите градови сѐ потешко е да се најде паркинг место, па нивните цени буквално вртоглаво растат.
Најдобар пример е Њујорк, поточно Менхетен, каде паркинг место чини до 750.000 американски долари, а месечната кирија е редовно над 1.000 американски долари. Се бараат нови решенија за оптимизирање на малку преостанатиот простор, а како една од можностите се нудат роботизирани паркинг.
Со таквите целосно автоматизирани системи за складирање на автомобили, се заштедува дополнителен простор бидејќи нема класични рампи и ленти за возење, туку целиот процес на складирање на возилото е автоматизиран и се одвива по однапред дефинирани рути. Сопственикот го остава автомобилот на означеното место и со притискање на копчето возилото влегува во процес.
Камерите прво проверуваат дали сите врати и капакот на багажникот се затворени. Потоа возилото оди до одреденото место за складирање. Во случај на корисникот да му треба автомобилот, тој чека околу две минути додека возилото не пристигне на местото за подигање. Во исто време, возилото пристигнува веќе ротирано за 180 степени, па сопственикот не мора да вози наназад.
Според извештајот на CNBC, цените за такви паркинг места се движат од минимум 300.000 американски долари до 595.000 американски долари, во зависност од локацијата. Во исто време, сопственикот мора да плати и трошоци за одржување до 150 американски долари месечно. Доколку, пак, се работи за електричен автомобил, се нуди и полнач, но ќе чини дополнителни 50.000 американски долари.