Почина доајенот на високата мода, модниот дизајнер Ренато Балестра

by Тони Зографски

Прославениот италијански дизајнер Ренато Балестра почина во саботата вечерта во Рим во 99-та година од животот, објави весникот La Repubblica повикувајќи се на потврдата од неговите ќерко Фабијана и Федерика.

Според оваа информација, во која не е наведена причината за смртта, погребот на еден од основоположниците на италијанската модна сцена ќе биде спроведен во вторник во Рим.

Балестра е роден на 3-ти мај 1924 година во Трст. Во младоста го привлекувале сликарството, музиката и сценографијата. За модата се заинтересирал случајно, кога како студент по инженерство за облог направил успешна скица на облака.

На 30-годишна возраст, Балестра се преселил во Рим. Страсната љубов кон филмот го навела да создаде сценски костими за тогашната холивудска ѕвезда Ава Гарднер, како и за славните Џина Лолобриџида, Софија Лорен и други познати италијански актерки.

останати вести