Српскиот инфлуенсер Марко Маријоковиќ е многу популарен на Инстаграм, а широките народни маси ги забавува со своите видеа и авантури со семејството, особено со баба му Драгица. Покрај убавите, Марко не се двоуми да ги сподели и помалку убавите моменти од својот живот за да докаже дека животот не е Инстаграм, и дека е далеку од совршен.
Марко често ја истакнува важноста на своето семејство кое е негово безбедно засолниште и најголема поддршка, а неодамна решил сите да ги запишат на хартија своите желби кои им ги исполнил во претходниот период. Меѓутоа, во меѓувреме дознал дека татко му се бори со рак на белите дробови и покрај лошата здравствена состојба, Марко решил да му ја исполни најголемата желба и да го однесе во Катар на Мундијалот.
-3 дена до натпреварот Србија – Бразил: Тато едвај стои на нозе. Пристигнуваме на консултации и не информираат дека тато ќе мора да оди во болница на зрачење. Во тој момент не го прифаќам фактот дека неговата желба нема да се оствари, а уште помалку дека ја губиме оваа војна. Се осмелувам да ги замолам лекарите да го однесат на Мундијалот, дури и на раце да го носам на стадион.
Докторката се насмевна и му кажа на тато дека оди во Катар, а кога ќе се врати ќе им каже како е, стои дел од емотивната порака што Марко ја напиша под објавата на Инстаграм.
-И еве сме. Успеавме. На татко ми му се исполни детската желба, но и желбата на сите нас. Не се откажувајте кога имате чувство во стомакот дека нешто навистина може да функционира. Понекогаш тоа нешто е и самиот живот, истакна тој.