Американската музичарка Ајрин (Ирене) Кара Ескалера, наградувана со престижните признанија Оскар и Греми почина во петокот на 63-годишна возраст, извести нејзината претставничка за јавноста,,
Кара на пошироката публика ѝ беше најпозната по коавторството и изведбата на нумерата „ Flashdance… What A Feeling“ во филмот „ „Flashdance“ за што го освои Оскарот за најдобра оригинална музика и две награди Греми за најдобар оригинален албум направен за филм и телевизиски серија, како и за најдобра женска поп вокална изведба во 1984 година.
Ајрин Кара се прослави во 1980 година кога ја доби улогата во мјузиклот „Fame“. Откако првобитно била избрана за танчарка, за неа е напишана улогата на Коко Ернандез и ѝ беше доверена изведбата на насловната песна.
Нејзината публицистка, Џудит Мус, ја објави на официјалниот профила на Кара на Twitter во саботата. Објави дека Ајрин починала во својот дом на Флорида, како и дека причината за смртта сѐ уште не е позната.
Ајрин Кара е родена на 18-ти март 1959 година во њујоршскиот кварт Бронкс. Во текот на кариерата работела на телевизијата и театарот пред да ја добие главната улога во музичката драма „Sparkle“ во 1976 година.
Благодарејќи на огромниот талент многу брзо се искачи меѓу ѕвездите и оствари меѓународна слава со изведбата на насловната музичка тема од филмот „Fame“, а за истата улога беше номинирана и за Златен глобус за најдобра актерка.