Д-р Бојан Трајковски од Ординацијата по општа медицина „Медика Вера“ на својот профил на Фејсбук предупреди на сериозен стомачен вирус. Посочи на симптомите и советува како да се постапува:
Хара доста сериозен стомачен вирус!
Многу силни стомачни болки, грчеви страшни, силна треска, температура до кај 39, честа дијареа, нагони на повраќање…нема што нема од симптоми!
Влезе ли у фамилија ги проаѓа сите.
Изолирајте се, течности што повеќе, лесна храна, пробиотици уште од сега, спазмолитици по потреба, антипиретици и во крајна нужда и инфузиона терапија.
Држи неколку дена па затоа трпение, одмарање и без паники!