Наставничкиот совет на Техничкото училиште од Трстеник донесе одлука да ги избрка учениците кои и го тргнаа столчето на учителката и сето тоа го снимија, а подоцна и го објавија на социјалните мрежи.
„Срцето ми е полно, благодарам на сите што бевте со мене“ – беа првите зборови на професорката Марија Стевановиќ од Трстеник, која беше жртва, а во врска со која денеска наставничкиот совет донесе одлука за исклучување на учениците од Техничкото училиште.
Професорката Марија за Телеграф.рс се заблагодари на сите што биле со неа.
За потсетување, цела Србија брзо дозна за инцидентот од Трстеник бидејќи еден од учениците од класот на социјалните мрежи сподели видео од наставник чиј ученик тргнува стол и таа паѓа на подот.
Професорката изјави дека најтешко и било што никој не и пружил рака или каква било помош во тој момент.