На сметката било наведено дека вечерата е за14 лица. Некои од јадењата што биле нарачaни се следните: говедско карпачо, бифтек „златен Отоман“, бифтек „златен Истанбул“, „златна“ баклава итн. Гостите пиеле вино „Петрус“, коктели „Негрони“, коњак „Луј Тринаесетти“…
На твитер се појави заедничката слика, но и фотографија од самата сметка која се претпоставува дека е нивна.
„Колку ги плаќаш своите келнери? 15 долари од час?“, напишал некој корисник на Инстаграм.
„Тоа не е квалитет, тоа е поткрадување на луѓето. Цените се катастрофални“, додал друг.
„Тие не го плаќаат квалитетот на твојата храна туку сопствената глупавост“, гласи еден од револтираните коментари.
Според Салт Бае, “квалитетот никогаш не е скап“.