Старец од Салта, Аргентина тврди дека е озлогласениот германски диктатор Адолф Хитлер и дека последните 70 години ги поминал во криење. Во интервју за ултраконзервативен локален весник, натурализираниот германски имигрант објаснува дека во земјата пристигнал во 1945 година со пасош под името Херман Гунтерберг.
Тој вели дека неговиот пасош произведен од Гестапо при крајот на војната е лажен и дека тој е всушност поранешниот нацистички водач Адолф Хитлер.
Тој одлучи да го прекине своето криење откако израелската тајна служба (Мосад) официјално се откажа од политиката на прогон на поранешните нацистички воени злосторници во 2016 година.
Се криел, подготвува автобиографија
Иако е општо прифатено и водечките историчари истакнуваат дека озлогласениот фирер извршил самоубиство во 1945 година во бункер во Берлин, овој старец, за кој се верува дека има повеќе од 100 години, раскажал поинаква верзија на приказната:
– Обвинет сум за многу кривични дела кои никогаш не сум ги направил. Затоа морав да поминам повеќе од половина од мојот живот криејќи се од Евреите, па веќе сум казнет – рекол Херман.
Човекот нагласи дека подготвува автобиографија за да си го врати имиџот во јавноста:
– Ме карактеризираат како лошо момче само затоа што ја загубивме војната. Кога луѓето ќе ја прочитаат мојата страна од приказната, тоа ќе го промени начинот на кој тие ме доживуваат – истакна тој и додаде дека дури сега е безбедно да го открие својот вистински идентитет.
Одредени хроничари укажуваат дека фирерот можел да побегне во Латинска Америка, нешто што го направија многу нацисти на крајот на војната. Бегалецот можел да биде придружуван со авион од Берлин до Шпанија, за да стигне до Аргентина со германска подморница.
Во јули 2016 година, Абел Басти ја објави книгата „Хитлер во егзил“. Тој изјавил дека Хитлер побегнал во Аргентина и живеел таму 10 години пред да се пресели во Парагвај. Басти ја изнесе тезата дека Хитлер починал на 3 февруари 1971 година во Парагвај.
Сопругата се сомнева, вели дека е болен
Многу луѓе, вклучувајќи ја и 59-годишната сопруга на Херман, Ангела Мартинез, веруваат дека Гунтерберг всушност не е Адолф Хитлер, туку едноставно боледува од деменција. Г-ѓа Мартинез рече дека нејзиниот сопруг никогаш не зборувал за Хитлер до пред околу 2 години, кога тој почнал да покажува знаци на Алцхајмерова болест:
– Некогаш би заборавил кој е и каде е. Изгледаше како да е во транс и ќе почне да зборува за Евреите и демоните. Тогаш би се вратил во нормала – опишува сопругата на Херман.
Таа се сомнева дека нејзиниот сопруг можеби бил нацист и сега се чувствува виновна за своето минато, но е убедена дека тој не е Хитлер.
Повеќе од 70 години по крајот на Втората светска војна, неколку земји и институции сè уште се обидуваат да ги пронајдат и гонат преживеаните нацисти. Повеќето од нив сигурно ќе умрат без да бидат казнети за нивните злосторства. Многумина веќе починаа.
Да беше жив денес, Хитлер ќе имаше 132 години и ретко кој верува во приказната за Херман Гутенберг. Но, првата отфрлена теза обично е вистинската. На крајот на краиштата, историјата ја пишуваат победниците. Верувале или не, Херман знае дека е Хитлер.