Баклава тешка 800 килограми е преставена на манифестацијата “Гастро шоу“ во Тузла. Баклавата била исечена на 15.200 парчиња кои биле донирани по школите и по хуманитарните организации.
Во правењето на баклавата која била подготвувана според рецепт стар неколку децении, учествувале 15 готвачи кои работеле цели десет дена.