Актерката Џенифер Кулиџ повторно е во центарот на вниманието со улогата во серијата White Lotus, за која беше номинирана за наградата Еми.
Во новиот серијал Џенифер глуми ексцентрична богаташка, уништена од страна на моќните родители, која очајно бара љубов, но постојано запознава луѓе кои само ја користат.
Иако има 61 година, таа изгледа неверојатно. Тајната не нејзиниот изглед се – пластичните операции. Холивудски доктор за естетска медицина смета дека Џенифер била на затегнување на лицето, дека образите и усните ги полнела со ботокс и филери, што резултирало со искривена насмевка и чуден израз на лицето.
„Не критикувам никого кој се обидува да се подмлади, бидејќи и јас одам по тој пат. Не можам да ги осудам другите девојки, бидејќи за неколку месеци ќе имам замрзнато лице. Тоа би било навистина лицемерно“, рекла Џенифер во една прилика.
Пред неколку месеци се зборуваше дека Џенифер ќе ја замени славната Ким Катрал во серијата Сексот и градот, но тоа не се случи.
Иако со години е присутна во Холивуд, за неа многу малку се знае. Во една прилика открила дека не може да има деца и дека има куче кое го спасила од фабрика за месо во Јужна Кореја.
Славата ја стекнала со улогата мајка на Стифлер во серијата „American Pie“, а нејзината изјава за таа улога стана вистински хит:
„Тој филм со себе донесе многу радости. Да не глумев во него, би спиела со околу 200 луѓе помалку“, изјави актерката во интервју за „Variety“.
Имено, токму поради оваа улога, Џенифер беше сон на секој тинејџер на почетокот на 90-тите години. Интересни се и нејзините изјави кои се однесуваат на финансиите:
„Повеќе не ги плаќаат актерите толку добро како некогаш. Етаблираните ѕвезди и понатаму добиваат плата, но јас морам 5 отсто да му дадам на мојот адвокат, 10 отсто на моите агенти, три отсто или така нешто на мојот деловен менаџер. Морам да плаќам ПР-и, а тоа е повеќе од мојата хипотека за куќата. Само да глумам, не би можела да си дозволам живот во Лос Анџелес“.
Сепак, Џенифер неодамна си купила куќа вредна 3 милиони долари.